Заврши асфалтирањето на последната улица во кумановската населба Средорек

Заврши асфалтирањето на последната улица во кумановската населба Средорек, информираше денеска кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, додавајќи дека заврши целокупниот проект за оваа населба.

Претходно беше поставен и бекатон на дел од уличките со вкупна површина од 1.300 метри квадратни, за што се одвоени три милиони денари. За бекатонот на јавен оглас беше избрана фирмата „Ибро комерц“ од Липково, соопштија од одделението за комунални дејности од општината.

Претходно, летово заврши асфалтирањето на неколку улички во оваа населба. За реконструкција на краците во должина од 384 метри од буџетот беа одвоени 1,5 милиони денари. Градежните активности на терен ги спроведе фирмата „Кооп Инжињеринг“ од Куманово,

Во средината на јуни годинава, се реконструираше и фекална канализација во населбата во должина од 241 метар за што беа одвоени 2,1 милион денари.

Жителите на Средорек, велат дека по повеќе години добиваат добра инфраструктура со која значително се подобруваат условите за живот во една од најстарите населби во градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e