Затворен локалниот пат од Мотел Македонија до Манастир Св. Јоаким Осоговски поради изведување на градежни активности

Врз основа на барање на изведувачот на работите за реконструкција на локалниот пат и донесено Решение бр.23-379/1 од 31.01.2020 г. од страна на градоначалникот на општината, се воведува привремена забрана на сите видови на сообраќај на патниот правец Крива Паланка – с.Варовиште, на делот од приклучок на постојниот пат кај поранешен „Мотел Македонија“ до приклучокот на т.н. „Руски пат“ над манастирот Свети Јоаким Осоговски, а заради извршување на активности за реконструкција на јавниот пат, почнувајки од 01.02.2020 год. па се до завршетокот на градежните активности, но не подоцна од 31.05.2020 год, информираат од локалната самоуправа на општина Крива Паланка.

Се молат граѓаните да имаат разбирање за горенаведеното и да ја почитуваат забраната, а во наредниот период да го користат алтернативниот пат, односно  т.н. „Руски пат“ по кој непречено може да се одвива целокупниот сообраќај, порачуваат надлежните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e