Заскитан куршум погоди такси- возило во скопско

На 18.05.2022 во 01.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.М.(40) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека во селото патничко моторно возило „киа” со скопски регистарски ознаки, сопственост на такси компанија, кое тој го управувал, било оштетено од залутано зрно.

Повредени лица нема, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e