Започна изградбата на нова паркинг платформа во центарот на Штип

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со министерот за локална самоуправа, Горан Милевски извршија увид во почетните работни активности и припреми за изградба на паркинг платформа во централното градско подрачје кај Здравствениот дом „Панче Караѓозов“.

Оваа паркинг платформа ќе биде со капацитет од 40 паркинг места и е инвестиција на Министерството за локална самоуправа преку Центарот за развој на Источен плански регион и Општина Штип.

„Ги правиме последните припреми и започнуваме со изградба на новата паркинг платформа во центарот на градот со цел решавање на еден голем проблем со собраќајниот неред којшто го има во центарот на градот.

Се работи за проект од 18 милиони денари од коишто половина од средствата се од Министерството за локална самоуправа, а половина од Општина Штип,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Министерот за локална самоуправа, Милевски изјави дека министерството со своите средства излезе во пресрет на Општината за изградба на оваа паркинг платформа и се надева дека ќе се реши сообраќајниот неред во централното градско подрачје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e