Загина велосипедист од Македонски Брод

Велосипедист од Македонски Брод починал во сообраќајна незгода со патничко возило „мицубиши“.

Несреќата се случила вчера околу 14.50 часот на регионален пат Скопје–Македонски Брод, кај местото викано „Бабин дол“ кога патничкото возило со скопски таблички управувано од Г.В.(47) од Македонски Брод, удрило во велосипедист С.П.(65) од Македонски Брод.

Повредениот е пренесен во здравствена установа во Македонски Брод каде подлегнал на повредите.

Увид на местото на незгодата извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Македонски Брод.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e