Загина пешак кај општина Ѓорче Петров

Сообраќајна несреќа вчеравечер се случи на улицата „Ѓорче Петров“ во истоимената општина.

Очевидци за „360 степени“ раскажуваат дека сообраќајката се случила кај општинската зграда и во неа автомобил удрил во пешак кој, според информациите од терен, загинал на самото место.

Полициски екипи излегоа на терен и направија увид на местото на несреќата.

Од МВР велат дека во полиција е пријавено дека автомобил „ауди“ удрил во пешак кој починал. Повеќе информации за околностите во кои се случила сообраќајката се очекуваат денеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e