Загина 24-годишно момче во сообраќајка кај Пробиштип

На 13.08.2020 во 19.10 часот било пријавено дека на локалниот пат Пробиштип-с.Ратвици, на место викано „Леговец“, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(23) од Скопје, излетало од патот и се превртело.

Во незгодата, на местото на настанот починал сопатникот Ф.С.(24) од Скопје, а возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e