Заев и Николовски во Велес на средба со бизнисмени: Вложуваме нови 2 милијарди денари во активните мерки за поддршка на вработување и самовработување

Денеска во Велес, генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3 Љупчо Николовски заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, остварија средба со повеќе стопанственици, професионалци и успешни во својот бизнис.

-Развојни успешни бизниси се предуслов за развојна и успешна држава. Затоа сме во постојана комуникација со стопанствениците, носиме мерки во согласност со нивните потреби, оебзбедуваме поддршка затоа што нивниот успех е и наш успех. Разменивме мислења и заеднички заклучивме дека новата развојна економија, што ја нуди СДСМ како концепт, е одлична основа за напредок и развој. – порача Николовски.

-Креираме нови работни местa преку брза трансформација на македонската економија. Обезбедуваме поддршка за домашни и странски инвестиции во износ од 600 милиони евра. Вложуваме нови 2 милијарди денари во активните мерки за поддршка на вработување и самовработување.Неповратни средства од 5.000 до 15.000 евра за млади и жени за отворање сопствени бизниси во кои државата го презема поголемиот дел од ризикот при евентуален неуспех. – беше порачано на средбата од страна на Николовски.

Николовски, како што рече, до крајот на мандатот ќе ја вратат нашата економија на солиден и одржлив раст од 4%, а субвенциите за придонеси за сите компании што ќе ги зголемат платите од 600 до 6.000 денари по вработен.

-На нашата економија и треба концепт и домаќинско работење.Покажавме дека знаеме како, а #можеме уште повеќе, уште подобро!-заклучи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e