За неносење заштитна маска 27 казни за еден ден во Крива Паланка

На територијата на општина Крива Паланка за  еден ден биле изречени 27 казни за неносење заштитна маска.
Службата за комуникација со јавност на Секторот за внатрешни работи Куманово информираше дека на 30 ноември 2020 регистрирани  биле 27 прекршоци за неносење заштитна маска на подрачјето на Крива Паланка, а на територијата на целата држава во понеделникот имало 538 санкции за непочитување на оваа мерка.
До 30 ноември, на територијата  на  Крива Паланка се евидентирани 132 лица во изолација. Од СВР Куманово информираат дека  од почетокот на епидемијата во земјава, во Крива Паланка вкупно 1231 лице биле во изолација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e