Во Велес до 9 часот излезноста 8,52 отсто

Од вкупно 45.989 граѓани со право на глас во Велес до 9 часот на гласање излегле 8,52 отсто од гласачите. Гласањето се одвива на 84 избирачки места во општина Велес.

Како што информира за МИА, Лили Велковска, претседател на Општинската изборна комисија гласањето досега се одвива во мирна атмосфера и без проблеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e