Во “тројката“ утрово најмногу гласале во Крива Паланка и Пробиштип

– Гласањето на предвремените парламентарни избори во првиот час и половина минува непречено, а одѕивот на гласачите според податоците до 9:00 часот од 2.326 избирачки места, каде гласале 94.167 гласачи е 5,19 отсто, информираше портпаролот на ДИК Адмир Шабани на прес-конференција.

Навреме се отворени сите гласачки места во 7:00 часот, а гласањето ќе заврши во 21:00 часот. Се гласа на 3.480 избирачки места, а на 90 има помалку од десет гласачи така што тие се изјаснуваат во најблиското гласачко место.

Во Изборната Единица 3 одѕивот до 9:00 часот е 6,1 отсто. Во оваа изборна единица најмногу гласачи до 9:00 часот излегле во Крива Паланка – 8,31 отсто и Пробиштип со 10,25.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e