Во Струмица се менуваат старите водомери

Поголем дел од старите водомери во Струмица се заменети со нови, а целосната замена се очекува да заврши до мај следната година. Од вкупно 7000 водомери досега се заменети повеќе од половината.

Според Стојан Ефтимов од ЈПКД „Комуналец“, со замената на старите водомери ќе се овозможи далечинско и поефикасно отчитување на потрошената вода.

-Се работи за водомери кои имаат вградено радиомодул и инкасаторите повеќе нема потреба да влегуваат во домовите или на местата каде што се поставени водомерите, туку отчитувањето ќе се врши од далечина, рече Ефтимов.

Додаде дека од вкупно 12 000 водомери во Струмица ќе останат незаменети околу пет илјади, кои се очекува да бидат заменети во наредната фаза.

Средствата за овој зафат, од околу еден милион евра, се обезбедени со кредит од Светска банка, со рок на враќање од 13 години и грејс-период од три години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e