Во прекин овој патен правец во кривопаланечко

За потребите за изградба на Експресен пат А2, делница Длабочица Чатал, утре (28 ноември) ќе се изврши минирање. За таа цел предвиден е времен прекин на сообраќајот на потег село Ветуница – мост на река Блидеш во период од 12:00 до 16:00 часот.

Како што соопшти АМСМ, по минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат по локалните патишта, а сообраќајот за тешките товарни возила ќе биде во прекин се до расчистување на магистралниот пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e