Во кривопалнечкото училиште „Јоаким Крчовски“ одбележан Светскиот ден на пијаното

Пијанистите од ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка под менторство на професорката Лариса Жулина-Митовски денеска го одбележаа 29.март – меѓународниот ден на пијаното.

Во салата на „Партизан“ денеска беа изведени четири пијано-концерти на кои пред наставниците и своите помали соученици настапија Меглена Георгиева, Ева Јакимовска, Матеј Георгиев, Горјан Николовски, Михаил Митовски, Леон Јанковски, Сара Стојановска и Теодор Смиљков.

277089241_1387907358340895_2949810347296131829_n

Околу 150 ученици од 1-4 одделение, поделени во групи поради ковид-протоколите, уживаа во звуците на пијаното.

„Ден на пијано“ или ден во чест на „кралот на музичките инструменти“ е настан кој се одржува еднаш годишно, 88-от ден во годината, затоа што тоа е бројот на дирките на пијаното.

Се чествува, како што нотира германскиот пијанист и композитор Нилс Фрам, еден од основачите на идејата, најмногу поради радоста што ја носи прославата за пијаното како еден од најпопуларните и најомилените инструменти, вклучувајќи ги изведувачите, композиторите и како најбитни, слушателите”.

Целта на овој ден е да се споделува вековната радост од свирење на пијано, откривњето на новите звуци и трендови, како и да се создава платформа за настани кои можат да се поврзат со пијаното, со цел славењето на пијаното да биде еден од најрадосните празници, сплотен со радоста и убавината која ја носат и другите уметности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e