Во Крива Паланка опремена општинска канцеларија за социјална работа

Градоначалникот Борјанчо Мицевски, заедно со директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, Гоце Цветковски од Крива Паланка и претставникот од Министерството за труд и социјална политика,констатираа до каде се активностите за комплетно опремена и средена општинска канцеларија за социјална работа.
Подготовката и опремување на канцеларија во рамки на општината, како и неодамна формираниот Совет за социјална заштита и Програмата за социјална заштита на Општина Крива Паланка за 2020 год. претставуваат директна поддршка на локалната власт во обезбедувањето на социјалните услуги за граѓаните, а се во насока на поголема пристапност и достапност до правата и услугите од социјалната заштита и развојот и унапредување на социјални услуги во нашата заедница, изјави градоначалникот Мицевски.
Канцеларијата е опремена преку аплициран проект и во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи и официјално ќе биде ставена во функција за десетина дена.
Имено, успеавме да комплетиравме и опремивме канцеларија за подобрување и доближување на социјалните услуги до граѓаните и очекуваме да услугите кои што ги дава Министерството за труд, Меѓуопштинскиот центар и општината во делот на социланата и детската заштита, бидат полесно достапни, изјави координаторката на проектот ,, Поблиску до граѓаните“.
Отварањето на општински канцеларии за социјална работа е дел од проектот на Министерството за труд и социјална политика, под наслов “Проектот за подобрување на социјалните услуги“, а една од главните цели на овој прект е развојот и подобрувањето на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, согласно со потребите на граѓаните и зголемување на пристапот до социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица, за што се обезбедени вкупно 10,8 милиони евра, за период на имплементација од 5 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e