Во Крива Паланка активни се вкупно 72 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на ковид-19 од кои 3 случаи се во Крива Паланка.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 321 оздравени пациенти меѓу кои 6 лица се од Крива Паланка.
Во моментов во општина Крива Паланка од вкупно досега 207, активни се 72 случаи.

Во текот на вчерашниот ден двајца пациенти од Крива Паланка на возраст од  56 и 88 години ја изгубија битката со Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e