Во Крива Паланка активни 107 корона случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, новозаразени од ковид-19 се вкупно 2.341 лице.
Во Крива Паланка, во изминатото деноноќие, регистрирани се 9 нови случаи на корона вирус.
Истовремено, регистрирани се 26 оздравени пациенти од Крива Паланка и околината.
Според денешната ковид-статистика почина едно лице од Крива Паланка, како последица од вирусот, на 74-годишна возраст.
Во Крива Паланка од почетокот на пандемијата се заразиле 2142 лица, а во моментов активни се 107 корона случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e