Во Europe House Крива Паланка oдбележан Европскиот ден на јазиците

Во Europe House Крива Паланка вчера беше oдбележан 26. септември – Европски ден на јазиците.

Настанот го подготвија и реализираа учениците и нивните ментори, професори по македонски, германски, француски, англиски и италијански јазик од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“-Крива Паланка и СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка.

379639656_6758038397625191_3413357054947510957_n

Координатор на настанот е професорката Лариса Жулина-Митовски која упати благодарност до професорите кои вложија многу труд за овој настан – Сашка Младеновска, Тамара Ангеловска, Габриела Стојановска, Елена Митевска Давидовска, Бојана Петровска.

379652312_800914378484052_3984120887916782031_n

Во 2001 година Советот на Европа и Европската комисија го определува 26 септември како датум за одбележување на Европскиот ден на јазиците. Богатата јазична култура и разноликост, меѓујазичните испреплетувања и поврзувања ја прават Европа дом на различни култури коишто се разбираат и поддржуваат. Да се сочува јазичното богатство на европскиот континент и истото да се промовира надвор од него е алатка со која се поттикнува меѓукултурното разбирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e