ВЛАДАТА СО РЕКОРДНА ПОДДРШКА ЗА МОЈАТА КРИВА ПАЛАНКА Николовски објави дека се обезбедени средства за реконструкција на трите главни моста над Крива Река

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство информираше дека Владата повторно обезбеди рекордна поддршка за Крива Паланка.
Со усвојувањето на Предлог одлуката за прераспределба на средства од Буџетот на вчерашната седница на Собранието се обезбедени средства за реконструкција на трите главни моста над Крива Река во модерен лик согласно претходно обезбедените проекти и идејни решенија.
Министерот посочи дека се издвоени и обезбедени вкупно 26,6 милиони денари за мостовите кои, како што кажа, ќе станат значаен симбол на градот и ќе придонесат за севкупен развој на граѓаните, поврзувањата, економијата и туризмот.
Шанин мост – 10.800.000 денари 
408172002_892844248876079_1254045927672755540_n
408174920_892844282209409_6663604320050393169_n
Виолетов мост – 6.200.000 денари
408174129_892844215542749_2354488283842627094_n
408213259_892844118876092_556991172857372852_n
Осички мост – 9.600.000 денари
408213258_892844258876078_6287808474051101886_n
409905548_892844182209419_5587977831834304017_n
– Развојот на Крива Паланка е приоритет на кој работиме посветено и со сета енергија. Европскиот лик на градот се реализира со засилено темпо, активно работиме на исполнување на капитални инвестиции од огромно значење за градот и кривопаланчани, потенцира Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e