Вистинска драма се одвивала во Прилеп: Со пежо бегал од полицијата и сакал да прегази полициски службеници

Скопје, 14 јуни 2020 (МИА) – На улицата „Браќа Миладиновци“ во Прилеп вчера во 1:50 часот од страна на полициски службеници е пријавено дека возач на патничко возило „пежо“, со прилепски регистарски ознаки, не почитувал наредба и не застанал на покажан знак за сопирање. По ова, полициските службеници го следеле по улицата кон интернатот, каде што било поставено службено полициско возило „шевролет спарк“, со светлосен знак „стоп“, управувано од полициски службеник, а паркирано на физички одвоената лента со крстосница „Прилепски бранители“. Но, лицето кое го управувало возилото се упатило кон полицискиот службеник, со цел да го прегази, по што полицискиот службеник, избегнувајќи го ударот, отскокнала кон тротоарот и паднала. Возилото „пежо“ продолжило со движење по ул.„Прилепски бригади“ кон Варош, потоа на магистралниот пат Прилеп-Македонски Брод каде, исто така, на даден знак „стоп“ не застанало, туку со голема брзина се упатило кон друг полициски службеник, со намера да го прегази. По кратко време, возилото било стопирано на земјениот пат од Варош кон Градските гробишта, и бил лишен од слобода А.Т.(25), кој се барал по потерница за издржување на затворска казна и заедно со неговите сопатници Г.Ц. (35) и Б.Р. (28) биле приведени во Полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следат соодветни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e