(ВИДЕО) Мицевски: Судот да постапи по предметите, граѓаните очекуваат судска разрешница

Прес-конференција на Борјанчо Мицевски, ОО СДСМ Крива Паланка:

„По демократските промени на локално ниво во 2017 година, и по превземањето на локалната самоуправа на Општина Крива Паланка беа констатирани низа на неправилности и пропусти во работењето“, соопшти Борјанчо Мицевски на прес-конференција каде потенцираше дека во изминатите две години, поднесени се поголем број на пријави до надлежните институции за незаконското и недговорното работење на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ од претходната политичка гарнитура.
„Во оваа прилика ќе потсетиме само за неколку од сомнително спроведените постапки и тоа: изградба на линијата на оптички кабел на водот од Бугарија кон Македонија, изградба на спортска сала, изградба на административно-деловен објект, доградба на објект во ЈП Комуналец, Изградба на лифт во ОУ Јоаким Крчовски, изградба на деловен објект во дворот на поранешен Веибо“, вели Мицевски.
Мицевски вели дека штетата од ова врз граѓаните и општината е огромна и од аспект на нелегална градба и од аспект на запрени и закочени постапки за евентуално реализирање на постоечките урбанистички и годишни планови и програми.
„Во оваа прилика сакаме јавно да апелираме да престанат опструкциите на последните остатоци на заробената држава, и овие предмети да излезат од судско-обвинителските лавиринти. И после 2 години нема никаква разврска, а јавноста, граѓаните и општината немаат информација што се случува со овие пријави и зошто сеуште нема правна разрешница. Очигледно, структурите од сваровски судството ја опструираат правдата на секое ниво. Ова е само уште еден доказ за потребата од прочистување и темелни реформи во правосудството“, порача Борјанчо Мицевски од ОО СДСМ Крива Паланка додавајки:
„Граѓаните очекуваат и бараат брза институционална реакција, правда, и одговорноост за сите кои се огрешиле пред законот. Нам ни треба судство кое ќе испорачува правда, а не застарени дела и предмети и закочени процеси.
Процесите мора да добијат правен епилог, правдата мора да биде задоволена, а секој оној за кој ќе се докаже дека сторил криминал, да одговара“, рече тој заклучувајќи дека неодговороно постапување е спротивно на интересите на граѓаните и институциите во целина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e