(ВИДЕО) Графити со имиња на деца ја украсија заштитната ограда на ул. „Цветан Димов“

Елиф, Амел, Лина, Омар, Ивана… се само дел од имињата на децата што секојдневно ја поминуваат фреквентната улица „Цветан Димов“ во Чаир за да одат на училиште или во градинка, а кои се испишани со спрејови во разни бои на заштитната ограда што минатиот месец беше поставена на средината на коловозот.

Градот Скопје заедно со Општина Чаир поставија ваква заштитна ограда за да се зголеми безбедноста на пешаците и велосипедистите кои ја преминуваат улицата Цветан Димов и за да се воспостави контрола на сообраќајниот метеж во овој дел од градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e