Полицијата извести дека на автопатот Скопје-Велес, вчера околу 14.45 часот било пронајдено излетано возило „форд фокус”.
Во несреќата, починал возачот П.Д.(59) од Велес, кој од неговиот внук бил пријавил дека се оддалечил од домот.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Велес, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.