Вчера во Крива Паланка се одржа меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на Далибор Николовски-Даки

Вчера во спортската сала “Бранители 2001” се одржа меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на Далибор Николовски-Даки.
IMG_8095
Турнирот втора година по ред го организира Локалниот клуб при Социјалдемократската младина – Крива Паланка, а е во чест на прерано починатиот истакнат член на партијата, фудбалер и љубител на спортот.
IMG_8138
Оваа година на турнирот учество зедоа вкупно 13 екипи од Крива Паланка, Куманово, Прилеп, Ранковце, како и две екипи од соседна Бугарија.
IMG_8318
Победник на годинешниот турнир е екипата на Перспектива од соседна Република Бугарија.
IMG_8329
Организаторите на овој спортски настан, ЛК на СДММ Крива Паланка упатиja голема благодарност до сите екипи за учеството, бројната публика и поддржувачите.

-Преку спорт, дружење и музика достојно го одбележавме ликот и делото на нашиот другар Даки. Легендите живеат вечно, порачаа од ЛК на СДММ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e