Утре започнува првиот уписен рок во СУГС „Марија Кири- Склодовска“ – голем избор на струки

Од утре во следните 4 дена, 16., 17., 18. и 19. Јуни, ќе трае првиот рок за упис на средношколци во средното-стручно училиште на Град Скопје „Марија –Кири Склодовска“ во општина Аеродром за претстојната учебна 2020/21 година.

0

Полуматурантите се наоѓаат пред тешка одлука – да го направат вистинскиот избор на средно образование со цел како идни средношколици следните 3 или 4 години да ги минат во продуктивна и креативна средина која ќе им ги отвори вратите успешно да се снајдат на пазарот на труд.

„Ликот и делото на Марија Кири Склодовска е синоним за храброст и истрајност во светот на науката. Бидете храбри, бидете Кири!“ – порачуваат од ова средно училише од каде ги покануваат учениците да се одлучат за средно-стручно образование со цел да бидат квалификувани професионалци.

Учениците може да изберат една од следниве струки:

Хемиски лабораториски техничар2

Техничар за козметички и хемиски производи

1Техничар за заштита на животна средина

3Техничар за очна оптика4Фармацевтски техничар

99Медицински лабораториско – санитарен техничар5Болничар – негувател7

За целосен успех клучни се повеќе нешта кои ова средно училиште ги нуди.

Наставниците, стручните соработници и раководната служба ветуваат дека како и во досегашното петдецениско искуство на училиштето ќе дадат поддршка во реализирањето на потенцијалите на идните ученици и   заеднички ќе се гордеат на нивните успеси. Ќе се обезбеди средина и услови за идните средношколци, кои ќе истражуваат, ќе експериментираат, ќе пронаоѓаат…

Современа настава, современо опремени лабаратории, пријатен пристап на наставниот кадар и раководството од ова училиште се само дел од она со кое идните средношколци ќе се сретнат во оваа образовна институција, порачуваат надлежните.

Нивната порака до младите е „Направете го најдобриот избор за Вас – Бидете и вие Кири“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e