Учениците штрајкуваа, медиумите непожелни во гимназијата „Никола Карев“

Учениците од втора година во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје, штрајкуваа, односно ги бојкотираа првите два часа од денешниот ден поради одлуката на директорката Елизабета Марковска Ставровска, од трета година тие да бидат прераспределени по класови, со што учениците не се согласуваат.

Додека траеше бојкотот на наставата, на децата им беа затворени вратите. Сега тие слободно можат да излегуваат и влегуваат, но не им е дозволен влез на новинарските екипи.

Лицето кое е задолжено да го обезбедува училиштето вели дека директорката дала наредба вратите на училиштето да бидат заклучени.

Екипата на А1он се обиде да дојде до директорката Марковска Ставровска. Од обезбедувањето добивме информација дека таа е во училиштето, но дека денеска не е приемен ден и директорката не е достапна за медиумите.

Извор: А1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e