Трибина за „Дигитализација на јавните услуги“ во Штип

На трибината, како што информираат од МИОА,  ќе се зборува за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализирањето на јавната администрација. Посебен фокус ќе се стави на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk, преку која на граѓаните им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи, значително олеснувајќи го административниот процес.

За дигитализацијата на земјата ќе говори министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски. Дополнително, на трибината ќе говори и проф. Зоран Здравев од Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип како претставник од академската заедница. Бизнис заедницата ќе ја претставува Хајди Клинчарска, искусен веб-девелопер и менаџер од „Лупифај“. 

Пред почетокот на трибината ќе има презентација на просторот во зградата на Општина Штип, каде граѓаните ќе можат да се регистрираат на порталот за е-услуги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e