Три автомобила изгореа на паркинг во Аеродром

Три автомобили изгореле вчера рано утрото на паркинг во скопската населба Аеродром, соопшти полицијата.

Полициски службеници излегле на лице место и констатирале дека станува збор за патничките возила: „бмв”, сопственост на Р.М.(47) од Скопје, „форд фиеста”, сопственост на Д.Ѓ.(67) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, и „киа”, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Д.Ј.(60) од Крива Паланка.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а повредни лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e