Тракторист загина по судир со автомобил кај Росоман

На 08.07.2020 околу 21.15 часот на регионалниот пат Кавадарци – с.Росоман се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „пежо“, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од П.М.(38) и трактор, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од М.З.(33), двајцата од Кавадарци.

Во незгодата починал возачот на тракторот, а П.М. и сопатничката од истото возило, Љ.С.К.(43) од Кавадарци, се здобиле со телесни повреди.

Бил извршен увид на местото на незгодата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e