Трагедија во Скопје: Дете загина по пад од трицикл

Малолетна сопатничка го изгубила животот по пад на трицикл во Скопје, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

– Околу 18.30 часот вчера во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Александар Урдаревски“, скопјанецот Р.С., на возраст од 41 година, управувајќи трицикл, изгубил контрола и паднал на коловозот заедно со малолетна сопатничка. По несреќата, двајцата биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на возачот Р.С. му биле констатирани телесни повреди. Малолетната сопатничка се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната помош, починала, пишува во соопштението.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e