Тинејџерка држена во заложништво од сопствената мајка

По повеќемесечна драма полиција пред два дена со асистенција од социјалните служби и детската амбасадата „Меѓаши“ ослободила 16-годишна девојка, чија мајка ја држела затворена.

Се уште е мистерија колку долго скопјанка ја чувала својата 16 годишна ќерка заклучена во стан во Карпош. Драмата се случувала подолго време кога првин мајката се јавувала во детската клиника „Меѓаши“ и пријавувала малтретирање од лица од фамилијата и од соседите. Состојбата ескалирала кога мајката јавувајќи се секогаш во доцните часови, а операторката слушнала крици од друг женски глас. Пријавиле во полиција и полицијата заминала заедно со претставник од „Меѓаши“ и во станот наишле на потресна ситуација. Гласот кој го слушнале всушност бил на ќерката на жената која се јавувала од ноември во „Меѓаши.

Девојката била пронајдена во тешка здравствена состојба и е пренесена на болничко лекување.

МВР засега поднесе кривична пријава за дело на противправно лишување од слобода од кривичниот законик според кој – Ако противправното лишување од слобода траело подолго од 30 дена или е вршено на свиреп начин или ако лицето противправно лишено од слобода поради тоа му е нарушено здравјето или настапиле тешки последици, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.

Но и според член 201 според кој – Родител, посвоител, старател или друго лице кое со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување ќе го запушти малолетното лице или ќе го малтретира, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

Извори од истрагата велат дека ќе се проверува дали овој случај бил претходно пријавен во центарот за социјални работи, колку време девојчето не одело на училиште, дали самото училиште пријавило за тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e