Тешко повреден 15-годишен велосипедист од Куманово

На 04.08.2020 во 17.25 часот било пријавено дека во Куманово, на паркинг простор на бул.„Октомвриска револуција“, патничко возило „шкода“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц.(34) од Куманово удрило во велосипед, управуван од 15-годишник од Куманово и во патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, паркирано од Н.С.(30) од Куманово.
Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Куманово, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e