Тепачка пред Основниот суд во Струмица

Повеќе лица учествувале во физичка пресметка на тротоарот пред влезот во Основниот суд во Струмица, претпладне околу 10:00 часот.

Настанот го потврдија од струмичката полиција. Оттаму информираат дека веднаш интервенирале полициски службеници и било спречено натамошно нарушување на јавниот ред и мир.

Додаваат дека полицијата работи на целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Пресметката ја потврдија и од Основниот суд во Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e