СВР Штип: Кривична пријава против лице кое изработувало и тргувало со оружје и муниција

СВР Штип поднесе кривична пријава против И.Д.(29) од Штип, поради постоење основи на сомнение за  сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје, муниција или распрскувачки материи“. На 08.04.2016 година, околу 17,30 часот, пред с.Шашаварлија, од страна на полициски службеници било сопрено патничко возило во кој се превезувал пријавениот и при преглед во неговиот ранец пронајден е пиштол, куфер за пиштол, четка и шипка за чистење на пиштол, две рамки за пиштол и три куршуми 9мм за пиштол. Пронајдените предмети потекнуваат од извршено кривично дело „тешка кражба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e