СВР Куманово за пет дена регистрира 12 тешки кражби, девет расчистени

Кумановската полиција денеска информираше дека во текот на оваа недела биле извршени 12 тешки кражби, од кои девет се расчистени.

СВР Куманово информира дека се работи за тешки кражби извршени во објекти, додека две биле извршени на дрзок начин. Полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција од Куманово од слобода лишиле шест лица поради постоење основи на сомнение дека се извршители на делата, а две лица ќе бидат дополнително приведени.

Секторот за внатрешни работи Куманово презема засилени мерки и активности за расчистување и на други кривични дела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e