Стојаноска на средба со здравствени работници во Гостивар

Дафина Стојаноска носител на листата во ИЕ 6 на коалицијата Обнова на Македонија попладнево оствари средба со дел од Комисијата за здравство при општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар и здравствени работници од овој град. Стојаноска ја потенцираше благодарноста кон здравствените работници за нивниот труд и поради тоа што изминатите четири месеци докажале со своите постапките дека се заколнати пред Хипократ, иако работат во несоодветни услови.

Здравствените работници на средбата се пожалија дека се штеди на заштитен материјал, кој е неопходен во борбата со Ковид – 19 и не се редуцираат временските распределби на здравствените работници со кои би се намалил ризикот.

Стојаноска потенцира дека ако здравствените работници не се грижат според заштитните протоколи, а тогаш, како што рече, Гостивар ќе се соочи со дефицит од доктори во моменти кога ќе треба да се води борба со корона вирусот.

– На одделенијата во општата болница во Гостивар не се исплатени ниту покачувањата кои докторите требаше да ги добијат во висина од 20 проценти, што уште еднаш покажува за негрижата на актуелната власт во однос на здравствените институции. Сето ова е последица на лошото владеење на здравствениот „супер херој“, кој наместо во заминување да излезе и пред граѓаните и да се извини за сите пропусти и грешки, тој снима партиски промотивни спотови во кои вели дека здравството цвета, нагласи Стојаноска.

Таа додаде дека за само пет дена граѓаните ќе имаат шанса да ги казнат Венко Филипче и Зоран Заев за сето зло кое го нанесоа на здравствениот систем и на Република Македонија.

По средбата со здравствените работници, Стојаноска учествуваше и на економската трибина во градскиот парк. Таа професорот Љупчо Лазаров, претседател на партиската комисија за економија појаснуваа делови од програмата и даваа одговори на прашања поврзани со неа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e