Стевановиќ: Пред да дојде Филипче за министер никој не ни помислуваше на приватните специјализанти

„Додека не дојде Венко Филипче како министер, никој не размислуваше на приватните специјализанти. Тој прв ги препозна нивните потреби и проблеми на овие млади луѓе кои одлучиле да платат за да специјализираат. Тој прв ги препозна нивните потреби да бидат платени и им даде докторска плата. Сегашните нивни барања се поминати и по изборите ќе се изготват законски решенија за прифаќање на нивните барања“ порача во интервју за Слободен печат, кандидатката за пратеничка од СДСМ, Милена Стевановиќ.

Осврнувајќи се на потребата за нов Клинички центар, таа истакна дека приоритет треба да бидат регионалните болници со што ќе се намали притисокот врз Скопје.

„Клинички центар е потребен, но попотребно во моментов е да бидат завршени и комплетно приспособени регионалните клинички центар со што ќе се намали притисокот на клиниките во Скопје, а во тој случај и димензиите на новиот клинички центар би биле помали“ посочи Стевановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e