Спасовски со граѓаните на Средорек: Се грижиме за сите граѓани подеднакво

Денеска, потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, ги посети граѓаните во населбата Средорек, Општина Куманово.

За време на посетата Спасовски се увери во остварениот напредок во урбанизацијата на оваа населба. По повеќе од еден век запоставеност, граѓаните на оваа населба во Куманово добиваат комунална инфраструктура, а градежната офанзива опфаќа канализациона мрежа во Средорек, како и асфалтирање на улиците.

СДСМ е со граѓаните. Продолжуваме со градење на општество еднакво за сите, преку намалување на социјалните разлики и воспоставување европски вредности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e