Спасовски: Безбедносната состојба на подрачјето на СВР-Штип е стабилна

Безбедносната состојба на подрачјето на СВР-Штип е стабилна, оцени денеска Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој имаше работна посета на овој сектор, но и со вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов.

– Можам да констатирам дека безбедносната состојба е мирна, стабилна и без никакви индиции за можно нарушување, изјави Спасовски.

Забележа дека во поглед на почитување на заштитните мерки, може да се констатира дека на подрачјето на СВР-Штип се зголемува свесноста на граѓаните за нивно почитување.

– Не изостанува фактот дека и на подрачјето на СВР-Штип има повеќе кризвични дела, односно имало луѓе кои не се однесувале согласно препораките или не ги почитувале до крај мерките. Инаку, има многу подобрување во делот на криминалитетот, осбоено во делот на ефикасноста на полицијата. Сакам да кажам дека во овој период има значително подобрени резултати во делот на недзоволената трговија со дрога. Подобрување сериозно, во делот на јавниот ред и мир, што покажува дека навистина се стабилизира безбедносната состојба на подрачјето на СВР-Штип, вели Спасовски.

Тој посочи дека како раководство ќе продолжат со јакнење на капацитетите, како во делот на човечките ресурси, така и во делот на техничките услови за работа на македонските полициски службеници, а се со цел да бидат многу поефикасни.

Спасовски потсети дека во тек е изборен процес за градоначалник на Општина Штип, а Министерството за внатрешни работи, нагласи, е подготвено од аспект да помине во најдобар ред,во демокртска атмосфера за учесниците во изборната кампања и граѓаните да можат слободно да одлучуваат.

– Досега немаме никакви проблеми и нарушување на изборниот процес, вели Спасовски.

Прашан за поплаките на жителите на неколку штипски населби за секојдневните кражби и разбојништа, Спасовски со одговор дека согласно статистиката и податоците, кражбите, разбојништата и тешките кражби се во опаѓање.

-Секторот за внатрешни работи-Штип и генерално македонска полиција преземаме постојано активности, што се однесуваат и во делот на превенирањето, практично како граѓаните да си го заштитат својот имот. Меѓутоа и откривачката дејност навистина е на едно повисоко ниво. Имаме повеќе откриени кривични дела, многу повеќе поднесено кривични пријави против сторители. Ние активно ќе продолжиме и во овој дел, вели Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e