Спајдермен, Бетмен и Супермен ги посетија дечињата на Детската клиника (ФОТО)

Црвениот крст на град Скопје по вторпат организира хуманитарна акција за посета на децата кои лежат на Клиниката за детски болести.

Со ова, тие им ја доловија празничната магија, но и многу ги израдуваа. Тројца херои, облечени како Бетмен, Спајдермен и Супермен се дружеа со децата, изведуваа вежби и со секој потег мамеа насмевки од детските лица.

Децата и останатите присутни на клиниката имаа прилика да се дружат и фотографираат со маскираните главни јунаци Спајдермен, Супермен и Бетмен. Под маските се кријат Јасин Буши, Оливер Петрески и Саша Цветковски, кои со задоволство прифатиле да бидат дел од овој прекрасен настан, кој барем празнично им го олеснува престојот на децата на Детската клиника.

Веќе втора година успешно се спроведува оваа акција, на која се радуваат не само малите, туку и возрасните кои сведочат на овој интересен настан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e