Градоначалникот Сотир Лукровски исчезна токму кога на граѓаните им е најпотребна одговорна и присутна локална власт. Карпош денес е симбол на застој, нефункционалност и институционален хаос“, изјави на прес-конференција претседателот на Општинската организација на СДСМ во Карпош, Панче Милевски-Панта.
Администрацијата на Општина Карпош, минатата недела, преку соопштение ги отфрли информациите што се појавија во дел од медиумите дека градоначалникот Сотир Лукровски се повлекува од функцијата, појаснувајќи дека станува збор за привремено отсуство поради здравствени причини
Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) побара да се одржи итна вонредна седница на Советот на општина Карпош, во врска со случувањата со градоначалникот Сотир Лукровски, кој официјално е на боледување, но според социјалдемократите се повлекува од функцијата оти не сака да биде дел од бизнис-интересите на лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски.
Замина на боледување, градоначалникот Сотир Лукровски, зад себе остави низа испреплетени реакции како од јавноста така и од опонентите. Законот за локална самоуправа преку Членот 52 меѓу другото објаснува дека градоначалник определува кој од членовите на советот ќе го заменува во случаи на спреченост или отсуство, во согласност со статутот. Додека трае замената, на соодветниот член, во случајот Неделчо Крстевски, му мирува функцијата член на Совет.
Заменик градоначалникот на општина Карпош, Неделчо Крстевски за ТВ 24 вели дека:
„Назначен сум за заменик градоначалник согласно Законот за локална самоуправа, исто како што се назначени заменици во сите општини низ Македонија. Ова е законска и редовна постапка која има за цел да обезбеди континуитет, ефикасност и стабилно функционирање на општината. Посакувам Градоначалникот Лукровски уште утре да се врати на своето работно место. До тогаш, Општина Карпош ќе продолжи да функционира со полн капацитет, навремено и одговорно кон потребите на граѓаните. Сите служби и сектори остануваат целосно посветени на секојдневните обврски, проектите и услугите кон граѓаните. Сакам јасно да порачам дека нема простор за загриженост или страв од каков било застој и општината ќе продолжува да работи професионално, организирано и во интерес на сите жители на Карпош.“ – вели за ТВ24 заменик градоначалникот на општина Карпош, Неделчо Крстевски.
Поранешниот градоначалник, Стевчо Јакимовски вели дека Лукровски не сака да ја води Општината и веќе си поднел оставка. Денеска СДСМ со барање побара вонредна седница на Советот на Општина Карпош поради состојбата во која се наоѓа општината.
Инаку согласно законот, во делот на надлешностите на градоначалник му престанува мандатот по сила на Закон ако, меѓу другото, во случај на неоправдано отсуство подолго од 6 месеци и ако престане да биде жител на Општината.
За оправданоста на отсуството на градоначалникот подолго од 6 месеци одлучува Советот со двотретинско мнозинство од вкупниот број на членови на Советот.
