Сопругот тврди дека се самоубила по расправија – МВР со детали за починатата жена во скопско село

Обвинителството истражува дали во скопско Копаница се случило убиство или самоубиство, откако покрај телото на 37 годишна жена со потекло од Косово, бил пронајден пиштолот на нејзиниот сопруг. Жената имала прострелна рана во главата, а телото е предадено на Институтот за судска медицина каде треба да се утврди дали сама си пукала или тоа го сторил некој друг.

Сопругот е приведен бидејќи пиштолот со кој е усмртена жената го поседувал нелегално. Според изјавата што ја дал во полициска станица, двајцата претходно се расправале, по што таа се самоубила пукајќи си во главата.

– На 19.05.2026 во с. Копаница, скопско, постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа почината Х.Р.Ј. (37) од Косово, со прострелна рана во главата, а покрај телото е пронајден пиштол „глог19“, сопственост на нејзиниот сопруг Д.Ј.(42) од с.Копаница, кој го поседувал без дозвола. Според исказот на Д.Ј., истиот ден околу 10:00 часот, во семејниот дом настанала расправија меѓу него и неговата сопруга Х.Р.Ј., по што, според негово кажување, таа извршила самоубиство, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e