Сообраќјна несреќа на магистралниот пат Штип-Делчево, две лица со тешки телесни повреди

На 22.11.2019 во 21,30 часот на магистралниот пат Штип-Делчево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел Корса“ со винички регистарски ознаки, управувано од К.И. (19) од Виница, патничко моторно возило „Ауди“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.Т. (20) од Виница, и патничко моторно возило „Цитроен“ со бугарски национални ознаки, управувано од Љ.И.(34) од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле К.И. и М.Т., кои биле пренесени во општата болница Кочани.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Виница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e