Сообраќајот во прекин во овој дел на Крива Паланка

Општина Крива Паланка ги известува граѓаните дека, поради реконструкција и санација на крак од ул.Моша Пијаде наспроти Виолетов мост сообраќајот ќе биде во привремен прекин.
Како алтернативен пат за потребите на граѓаните, може да се користи останатиот дел од ул.Моша Пијаде и дел од ул.Ристена Гогова која се поврзува со ул.Херој Карпош.
Се молат граѓаните за разбирање и доследно почитување на забраната и да не ја поместуваат или отстрануваат сообраќајна сигнализација која ќе биде поставена, велат од локалната самоуправа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e