Смилевски му одговори на Костовски од ВМРО ДПМНЕ: Само да ги спореди нивните 20 години и моите 2 години владеење со Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски,  со соопштение реагира на изјавата на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ:

Барам од  Дарко Костовски, само да ги спореди нивните 20 години владеење со Бутел и моите 2 години. Ви го разбирам револтот, но не можам да дозволам Бутел да продолжи да назадува како што беше во вашето време. – стои во соопштението во кое Смилевски вели „пред фактите и Боговите молчат, ама и душманите спобудалуваат.“ А, во меѓувреме, вели Смилевски дека ќе продолжи да работи за ИДНИНАТА НА БУТЕЛ со факти и тоа:

Факт број 1: Општина Бутел  за изминативе 2 години  има зголемување на приходот за 32% споредбено .

Факт број 2: Реконструирани се повеќе 20 улици, каде е поставен асфалт на вкупна површина од околу 14.000 квадратни метри.

Факт број 3: е Реконструкција и проширување на патот од  Бутел до с. Љуботен со должина од 6 км во вредност од  12.965,528,00 денари средства финансирани од буџетот на општина Бутел

Факт број 4: Завршено е уредување, заштита и регулација на оштетениот дел од  речното корито на река Серава во должина од 170м1, при што се оформи каскадниот праг со вградување на бетон во површина од 21.305 м3 и вкупен износ од 6.846.991,00 ден средства исто така обезбедени од општинскиот буџет.

Факт број 5:  Реализираните капитални инвестиции во реконструкции и снации во сите  детските градинки на територија на општина Бутел во износ од 16.200.000,00 денари

Факт број 6: Реализираните капитални инвестиции во реконструкции и снации на сите седум  основните училишта се во износ од 33.625.020,00денари.

Факт број 7: Изградена е нова инсталација за осветлување на 19 локации  во должина од 3.382 м со вкупна вредност од 17.693.808,00денари. Пред две години општината беше во целосен мрак.

Факт број 8: Општина Бутел направи набавка од 8.963.966,00 средства одвоени од буџетот на општината за набавка н механизација, кој за жал во ваше време немавте ниту метли за вработените кој работат на одржуавње на хигиената.

Факт број 9:  Поставена е комплетна водоводна мрежа во должина од 7.335 м1 со вредност од 114.313.000,00 денари во индустриската зона Визбегово.

Факт број 10: Во завршна фаза  е реализацијата на 2 ( два) крака од фекална канализација од 5285м со проценета вредност од 150.000.000,00 денари

Факт број 11: Проширен е булеварот  Христијан Тодоровски Карпош  и изградена е  атмосферска, фекална и водоводна мрежа со целосна подземна инсталација и преместување на постоечкаинсталација од гасовод

Факт број 12: Изградена е атмосферска канализација од улица Бутелска до булевар Христијан Тодоровски- Карпош

Факт број 13: Поврзан е булеварот Христијан Тодоровски – Карпош  од крстосницата со улицата,,Натанаил Кучевишки,, до обиколницата.

Факт број 14: Во фаза на изградбата е  новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“ чиј проект ќе ја поврзе со булевар Словенија и  булевар Христијан Тодоровски Карпош. – стои во реакцијата на градоначалникот на општина Бутел.

Ветивме подобра иднина за граѓаните и тоа ќе го остварам. Му предлагам на Дарко Костовски убаво да ги прочита реализираните проекти за изминатиов период и барам само едно, да биде искрен пред себе, не мора пред јавноста, возврати Смилевски.

Реакцијата следи како резултат на обвинувањата од страна на Дарко Костовски од ВМРО ДПМНЕ кој обвини дека изминатите две години од мандатот на Смилевски се, како што вели две најлоши години за општина Бутел, две години безидејност и тотална нефункционалност на општината.

-Во рака ја држам предизборната програма на Смилевски и СДСМ којашто убедливо ја ветуваа на бутелчани давајќи збор дека целосно ќе ја исполнат. Со голема одговорност тврдам дека оваа програма или овие предизборни ветувања се најголемата лага во историјата на општина Бутел. – рече Костовски додавајќи дека 95% од проектите на програмата сеуште немаат ниту започнато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e