Дваесет и пет годишниот А.Г. вчера се повредил на работното место и околу 15:30 часот бил однесен во Ургентниот центар во Скопје.
Момчето додека местело салонитни табли, една од таблите се скршила и паднал директно на глава.
Лекар на КАРИЛ константирал тешки телесни повреди опасни по живот. На повредениот му била укажана помош, но и покрај тоа, починал околу 21 часот, информираат од полицијата.