Скопјанец загина, жена и две деца се повредени во сообраќајка ноќва кај Крупиште

Триесет и деветгодишен возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани. Сопатничката и двете малолетни деца поради здобиените повреди се пренесени во штипската Клиничка болница.

Пријавата во СВР-Штип е во 2.24 часот, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип.

Несреќата се случила во близина на клучката кај селото Крупиште, а според првичните информации, во несреќата учествувало само едно возило. Автомобил марка рено „лагуна“ со скопски регистерски таблички излетало од коловозот, а од здобиените повреди починал возачот И.М од Скопје.

Увидот во несреќата е во тек. Сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани се одвива по двете коловозни ленти.

На овој експресен пат од почетокот на годината досега во три тешки сообраќајки, животите ги загубија пет лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e