Скопјанец физички малтретирал едногодишно дете

Триесет и четиригодишен скопјанец е обвинет дека физички го малтретирал едногодишното дете на неговата партнерка. Според истрагата, тој го тепал детето со тупаници по главата и лицето со што му нанел повреди.

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против 34-годишен скопјанец за кривично дело запуштање и малтретирање на дете.

„Обвинетиот се товари дека го сторил делото на 23.12.2019 година, околу 12 часот, кога неговата вонбрачна партнерка му го оставила нејзиното едногодишно дете за да го однесе кај претходно ангажирана дадилка. Обвинетиот очув, додека бил сам со детето во домот и додека го превезувал во возило, го малтретирал удирајќи го со тупаници во пределот на главата и лицето, при што му нанел телесни повреди изразени во вид на крвни подливи“, соопштија од обвинителството.

Обвинетиот е во притвор, а надлежен јавен обвинител побара негово продолжување проценувајќи дека неговото присуство во текот на кривичната постапка и непреченото водење на постапката не би можеле да се обезбедат со друга мерка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e