Штипската јавност вознемирена: Дали на повидок е кластер на Мицкоски во Штип?

Штипската јавност е вознемирена поради опасноста што се шири од локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, на кои учествувале лица за кои се претпостaвува дека се позитивни на КОВИД-19. Стравувањата на луѓето ги сублимира една граѓанка на својот Фејсбук профил.

На социјалните мрежи се појавија неколку прашања во врска со ризичното однесување на Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ. Имено, се работи за прашања што се однесуваат на локалното партиско раководство во Штип.

Прашањата се:

ДАЛИ ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ЛОКАЛНОТО ПАРТИСКО РАКОВОДСТВО НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ШТИП СЕ ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ?

ДАЛИ СЕ ОДРЖУВАЛЕ РЕДОВНИ ПАРТИСКИ СОСТАНОЦИ НА КОИ БИЛЕ И ЗАРАЗЕНИТЕ?

ДАЛИ НА СОСТАНОЦИТЕ СЕ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА?

ДАЛИ НА ПОВИДОК Е КЛАСТЕР НА МИЦКОСКИ ПОРАДИ ОДРЖУВАЊЕ ОВИЕ СОСТАНОЦИ НА ЛОКАЛНОТО ПАРТИСКО РАКОВОДСТВО?

Понатаму, во истата објава, им се посакува добро здравје на сите што настрадале од ваквото однесување во партијата и со лесно да поминат со вирусот во потврдените случаи.

Со оглед на тоа дека во јавноста се стекнува впечаток дека Мицкоски и дружината намерно не ги почитуваат мерките, граѓаните заслужуваат одговори на поставените прашања“ – завршува граѓанката во својата објава на Фејсбук.

Извор: Фронтлајн

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e