Шекеринска: Дебар е пример колку оваа наша држава може да биде посилна ако биде посплотена

Вечерва од Дебар на граѓанска трибина, заменик претседателката на СДСМ – Радмила Шекеринска се обрати пред граѓаните и зборуваше за поделбите кои ги нуди ДПМНЕ наспроти слогата и заедништвото кои ги нуди СДСМ.

Ни одржавте лекција тогаш кога некои се обидоа да го запалат национализмот низ цела држава, вие покажавте мудрост, разумност и гледање напред.

Ни покажавте лекција и тогаш кога најтешката светска епидемија удри по нас, бевте први на удар, се покажавте најсилни, се покажавте најеснаф, се покажавте најсолидарни.

За жал не ги научивме сите лекции одвреме навреме треба да се потсетуваме, меѓутоа Дебар е пример колку оваа наша држава може да биде посилна ако биде посплотена, може да биде посилна ако ги прифаќа сите и ако има срце отворено за сите.

Денеска ни е задоволство уште една лекција што ни ја одржа Дебар како да се даде шанса на младите и денеска Мирнез ни покажа дека во младите има и срце и душа и знаење и желба своето место да го направиш подобро, својата земја да ја направиш посигурна.

Јас не верувам дека било кој од нас овде доаѓа по задача, никој. Ние работиме од срце, вие ни помагате од срце. Затоа на 15 јули ќе победиме!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e